УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Со користењето на кој било дел на порталот Телеграф.мк автоматски ги прифаќате сите актуелни правила за користење. Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата за користење, со што се смета дека оние што континуирано го користат порталот Телеграф.мк, или кој било негов дел, во секој момент, во целост ќе бидат запознаени и ги разбираат актуелните правила за користење. Ниту еден дел на порталот Телеграф.мк не смее да се користи во незаконски цели, ниту за нивно промовирање. Нема да ги прибираме вашите лични податоци при посетата на нашиот портал, освен во случај кога лично ќе ги обезбедите тие податоци. Информациите што се прибираат автоматски се чуваат.

Доколку при посетата на сајтот на Телеграф.мк посетителот не прави ништо, освен вртењето страници и преземањето информации, автоматски ќе прибереме одредени информации. Овие информации не ве идентификуваат лично.

Податоците што ги прибираме се следните:

- Домен и IP-адреса;

- Видот на пребарувач и на оперативниот систем преку кој е пристапот до нашиот сајт;

- Време на пристапот и должина на посетата;

- Страниците што ги посетувате;

Доколку сте го линкувале нашиот портал од некој друг сајт, адресата на тој сајт;

- Доколку сами ни ги доставите информациите.

Доколку одлучите сами да ни ги доставите информациите со праќање е-пошта или со пополнување формулар на нашиот сајт, тие информации ние ќе ги користиме само за да бидеме во позиција полесно да ви помогнеме. Не ги прибираме личните податоци за ниедна друга намена. Исто така, не креираме индивидуални профили од информациите што ни ги давате, ниту ги проследуваме на некои приватни организации. Вашите податоци ќе бидат дадени на увид на надлежните државни органи, само ако сме по закон овластени задолжително да го сториме тоа.

COOKIES

Cookie е мала датотека, што сајтот ја поставува на вашиот компјутер за да може да ги запамети специфичните нагодувања на вашата сесија, додека сте на сајтот.

Вашиот компјутер ќе ги регистрира податоците само од сајтот што го поставил, така што ниеден друг сајт нема да има пристап. Телеграф.мк може да користи cookie за технички потреби и да ви овозможи подобра навигација на сајтот или да ви овозможи користење на сајтот за свои потреби. Доколку не сакате да имате cookie на својот компјутер, можете да ги исклучите тие перформанси на својот пребарувач. Меѓутоа, тоа може да има влијание на функционирањето на порталот Телеграф.мк.

Портал Телеграф.мк

Сите посетители имаат право бесплатно да ги користат содржините на порталот, доколку не ги кршат правилата за користење. Порталот Телеграф.мк се состои од сопствени содржини, содржини од партнери и огласувачи, од бесплатни содржини, од содржини креирани од странски посетители и линкови на надворешни страници. Телеграф.мк содржините ги објавува со добра намера. Сите содржини на порталот се користат на сопствена одговорност, така што порталот Телеграф.мк не може да се смета за одговорен за каква било штета, настаната со користењето. Пристапот до порталот и до сите негови содржини е дозволен на лица од сите возрасти.

АВТОРСКИ ПРАВА

Телеграф.мк како издавач е носител на авторски права на сите сопствени содржини (текстуални, визуелни и аудио, на базата на податоци и на програмскиот код). Недозволеното користење на кој било дел од порталот се смета за прекршување на авторските права на Телеграф.мк и подлежи на тужба. Доколку сметате дека Телеграф.мк ги повредил Вашите авторски права, случајот ќе биде разгледан веднаш и спорната содржина ќе биде тргната, по процена на евентуалната издржаност  на жалбата.

Секое неовластено објавување содржина, односно фотографија, илустрација или текст од електронското издание во кој било друг медиум, издавачот, објавува дека чини 15.000 денари без пресметан ДДВ, по едно објавување на една фотографија, видео и текст.

Тој што неовластено ќе објави содржина, односно фотографија, илустрација или текст, се согласува на овие услови.

За неовластено објавување издавачот ќе достави фактура до објавувачот со рок на плаќање од 8 дена. Во случај фактурата да не биде платена во утврдениот рок, ќе биде пресметана законска, казнена камата и ќе биде поведена постапка за присилна наплата против неовластениот објавувач.

Без договор со Редакцијата на „Телеграф“ може да се преземат само:

-Наслов;

-Првите две-три реченици од текстот;

-Задолжително е да се постави линк кој води до интернет-страницата на „Телеграф“, поточно до текстот што се презема;

-Фотографијата може да се користи исклучиво во мал формат (помала од 200 пиксели во хоризонтала).

ЛИНКОВИ ДО НАДВОРЕШНИТЕ СТРАНИЦИ

Телеграф.мк содржи линкови на веб-страници надвор од сопствениот портал.

Телеграф.мк линковите ги објавува со добра намера и не може да се смета за одговорен за содржините надвор од порталот. Во однос на модификацијата и промените на правилата, Телеграф.мк го задржува правото без најава повремено да ги промени и да ги модифицира правилата. За важните промени и дополнувања Телеграф.мк може да ги извести корисниците по пат на е-пошта или преку објавување на порталот. Со вашето користење на која било содржина на порталот Телеграф.мк, сметаме дека сте запознаени со најновите правила.